Граѓаните на Северна Македонија живеат во просек по 75 години

Според новиот Индекс на просечен животен век во светски рамки, објавен од Обединетите нации, граѓаните на Северна Македонија живеат во просек 75,26 години. Конкретно за мажите таа бројка е 73,1 година, додека жените во просек живеат 77,47 години.

За споредба се споменуваат и податоци од истражувањето и статистиката на Светска банка. Според оваа листа, просечниот животен век на граѓаните на Северна Македонија е 74 години, на граѓаните 78, вкупно 76 години.

Истражувањата покажуваат дека долговечноста се заснова на три главни и основни фактори – генетика, пол и начин на живот. Потоа, се земаат предвид и компонентите како хигиена, исхрана, култура, избор на професија, навики, вежби, пристап до квалитетна здравствена заштита и високо ниво на криминал. Според ОН, светскиот просек во однос на очекуваниот животен век на крајот на 2023 година бил 70,8 години за мажите и 76,0 години за жените, вкупно 73,4 години.

Очекуваниот животен век значително варира во зависност од регионот, како и од земја], така што оваа година, 2023 година, тие бројки се движат од најниско ниво од 57,7 години во Северна Африка до највисоко ниво од 82,7 години во Западна Европа.

Генерално, очекуваниот животен век има повисок праг. Помеѓу 2000 и 2016 година, очекуваниот животен век се зголеми за 5,5 години на глобално ниво, со зголемување од 10 години во некои делови на Африка. Ова сознание за овој раст поврзан со „потоплиот континент“ го потврдуваат и извештаите на Светската здравствена организација.

На листата на земји со најголем животен век, според ОН, се Монако (87,01 година), Хонг Конг (85,83), Макао (85,51), Јапонија (84,95), Лихтенштајн (84, 77), Швајцарија (84,38) , Сингапур (84,27), Италија (84,2), Ватикан (84,16), Северна Кореја (84,14).

Најмал животен век имаат жителите на Чад (53,68 години), Нигерија (53,87 години), Лесото (54,91), Централноафриканска Република (55,48), Јужен Судан (56,51), Сомалија (57,35), Есватини (57,71), Намибија (59,93), Гвинеја (59,55), Мали (69,03 години).

Граѓаните на Северна Македонија се некаде на средината на оваа листа.

Од нашето најблиско соседство, очекуваниот животен век во Србија е 75,12 години, во Албанија – 78,06 години, Бугарија – 72,84, Грција – 82, во Босна и Херцеговина е 76,18 години, Хрватска – 79,4, додека во Црна Гора е 77,78 години.