ГРОЗОМОРНО ВИДЕО – Ова е украинскиот херој кој беше ладнокрвно застрелан кога изговори: “Слава на Украина!“ (видео)

Откриен е идентитетот на новиот украински херој, кој наводно рекол „Слава на Украина“ на руските војници непосредно пред неговата егзекуција, додека ја пушел последната цигара.

Видео снимката од грозоморната егзекуција на украинскиот војник со молскавична брзина се прошири низ социјалните мрежи. Тоа е, како што се наведува, воено злосторство кое им пркоси на сите правила на Женевската конвенција.

Откриен е неговиот идентитет. Станува збор за Тимофеј Шадура Миколајевиќ, кој наводно се води како исчезнат од 3. февруари. Тој бил фатен во близина на Вуледар, во регионот на Доњецк.

Константин Острогски служел во 30-та посебна механизирана бригада. Неговиот идентитет, велат оттаму, го потврдила и неговата сестра која зборувала со шокантни зборови.

Мојот брат сигурно би бил способен на овој начин да им се спротивстави на Русите“, изјавила сестрата на Тимофеј и додала: „Тој никогаш во животот не ја криел вистината и сигурно би го направил тоа пред непријателот“.

Неговите убијци се уште не се познати и се во прашање само шпекулации. Видеото од страшната егзекуција, меѓу другото, го сподели и озлогласената група Русич, предводена од рускиот неонацист Алексеј Милчаков, 31-годишен со прекар „Србин“.

Неговата група, која им припаѓа на вагнерските платеници, сподели видео од егзекуцијата на социјалната мрежа Телеграм со коментар: „Конечно нормална реакција…

На видеото се гледа како руски војник му вели на украинскиот херој: „Умри!“ и изговара уште неколку пцовки пред да го застрела. Убиецот на видеото – или неколку од нив – чии гласови се слушаат во позадина, се уште не се идентификувани.

Во специјалното соопштение по тој повод говореше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој му вети на украинскиот народ дека ќе ги фати воените злосторници кои ладнокрвно го погубија украинскиот војник.