Грчки авион Ф-4 се урна во Јонското Море

Спасувачите трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион Ф-4 кој се урна во Јонското Море кај западна Грција.

Грчките спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион Ф-4 кој во понеделникот се урна во Јонското Море кај западна Грција, јави државната телевизија.

Авионот, кој бил на тренинг лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот Андравида на полуостровот Пелопонез, пренесува Хина.

Двајца пилоти се катапултираа

Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеа да ја потврдат оваа информација.

Грција првпат набави борбени авиони Ф-4 или Фантом од американско производство во 1974 година.