Дали ги миете забите пред или после појадокот? Еве што вели стоматолог за оваа вечна дилема

За да воспостават редовна навика за четкање, многу луѓе ги мијат забите во исто време секој ден. Се чини дека четкањето секое утро и навечер пред спиење е норма за повеќето луѓе, пренесува Healthline. Сепак, многу луѓе сè уште ги интересира кога е подобро да ги миете забите наутро – пред или после појадок? Сега експертите го открија одговорот на ова прашање.

Имено, иако повеќето луѓе ги мијат забите после појадокот, тоа е погрешно.

Имено, повеќето експерти велат дека миењето заби пред појадок е многу покорисно за забната глеѓ и за целокупното орално здравје. Иако никој не сака да го пие утринскиот сок од портокал додека сè уште има вкус на флуор во устата, најдоброто нешто за вашите заби е да го направите токму тоа.

Како што објаснуваат стоматолозите, додека спиеме се размножуваат бактериите кои предизвикуваат наслаги во устата. Ова е една од причините зошто често се будиме со лош здив. Четкањето со паста за заби што содржи флуор ги отстранува наслагите и бактериите од забите, а четкањето ја штити и забната глеѓ од киселина во храната.

Очигледно, треба да избегнуваме да ги четкаме забите најмалку 30 минути после јадење ако консумираме нешто кисело, а тоа вклучува храна како тост, агруми и кафе. Освен тоа, ако ги измиеме забите прво наутро, ќе започнеме со производство на плунка. Една мала студија покажа дека по миењето на забите на учесниците во студијата, дошло до скок во производството на плунка, која помага во разградување на храната и ги убива штетните бактерии во устата.