ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Холанѓанецот тврди дека го „предвидел“ хоророт во Турција – објавата од пред три дена ја замрзнува крвта во вените (ФОТО)

Според досегашните информации, загинале најмалку 500 лица, додека повеќе од две илјади се повредени …

Малкумина од нас веруваат во предвидувања или пророштва и сметаат дека таквите работи се неосновани.

Меѓутоа, за жал, во случајот со разорниот земјотрес што утринава ја погоди Турција, прогнозата на европски истражувач се покажа како точна, пишува Слободна Далмација. Извесен Френк Хугербитс од Харлем во Холандија на 3 февруари годинава во 13 часот и 3 минути на својот Твитер објави дека Турција, односно нејзиниот југоцентрален дел во близина на Сирија, Јордан и Либан, како што напиша, „порано или подоцна“ ќе биде погоден од земјотрес.јачина 7,5 степени .

Она што Хугербитс го „прогнозира“, за жал, се оствари, а тој дел од Турција синоќа го погоди страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени, при што според досегашните информации загинаа најмалку 500 луѓе, а повеќе од две илјади се повредени.

Френк Хугербитс, исто така, на Твитер објави дека „неговото срце е со сите оние кои беа повредени во оваа катастрофа и дека ова е слична ситуација како 115 и 526, кога се случија слични земјотреси во областа“.

Како што напиша, земјотресот го предвидел со „движењето на планетите“.