Дали знаете што се случува со вашето тело откако ќе го испиете првото кафе!? За 10 минути се шири низ организмот – а еве што прави по шест часа

Дали знаете што се случува во вашето тело кога внесувате кафе ?

Во првите десет минути, кофеинот од кафето влегува во крвотокот и се шири низ телото, предизвикувајќи зголемување на крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Во исто време, спречува допаминот да се реапсорбира во крвотокот, што му овозможува да остане во мозокот подолго време, правејќи нè да се чувствуваме позитивно и посреќни подолго време. Токму ова задржување на допамин често го поттикнува мозокот да копнее по повеќе кофеин. Но, што се случува подоцна ?

По 20 минути

Кофеинот се врзува за рецепторите на аденозин и на тој начин го неутрализира заморот. Нивото на допамин се зголемува и опстојува, создавајќи чувство на будност и концентрација.

По 30 минути

Надбубрежните жлезди работат поинтензивно и почнуваат да лачат повеќе хормони. Во тоа време, поради проширување на зениците, видот станува поостар.

По 40 минути

Телото почнува да произведува повеќе серотонин, што го подобрува функционирањето на невроните во ‘рбетниот мозок – ова води до подобрување на координацијата и мускулната сила.

По четири часа

Метаболизмот се забрзува, така што побрзо согорувате енергија. Во овој период, вашето тело почнува да ги разградува складираните масти.

По шест часа

По шест часа, кафето поминало низ вашиот систем и веројатно ќе почувствувате зголемена потреба за мокрење. Потоа ќе исфрлите приближно половина од количината на кофеин што сте ја внеле од вашето тело, пренесува магазинот BigThink.