Дали ова е крајот на „Пиратите од Карибите“ ? – Џони Деп ја отфрли астрономската бројка и ја донесе конечната одлука

Актерот повеќе не сака да соработува со „Дизни“

Прашањето од милион долари кое со месеци се поставуваше во светските филмски медиуми – дали Џони Деп ќе се врати на иконската улога на капетанот Џек Спероу во познатата франшиза „Пиратите од Карибите“, се чини конечно доби одговор.

Актерот повеќе не сака да соработува со „ Дизни “ или да продолжи со снимањето на „Пирати“, бидејќи ова студио ги затвори вратите откако неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд го обвинила за злоупотреба.

Невозможно е да се продолжи без него

На Деп му биле понудени дури 20 милиони долари за враќање, но неговиот пријател рекол дека повеќе не го интересира улогата бидејќи бил одбиен додека Амбер лажела.

Продуцентот Џери Брукхајмер изјави дека се работи на тоа Деп да продолжи со снимањето, со оглед на тоа што се било во мирување за време на судењето.

Без неговиот лик е невозможно да се заврши шестиот дел од филмот, па понатамошното снимање е неизвесно со оглед на тоа дека одлуката на Деп е конечна.

Дали ова значи дефинитивен крај на „Пиратите од Карибите“ останува да видиме.