“ДАЛИ СТЕ СЕРИОЗНИ ?“ – Реакција на официјален Пекинг по самитот на Г-7 во Хирошима: “Кина е закана за мирот и безбедноста во светот !?“

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чуњин, ги критикуваше изјавите на учесниците на самитот на Г-7 што изминатиот викенд заврши во Хирошима, Јапонија.

На самитот беше кажано дека политиката на Кина во моментов претставува закана за мирот и безбедноста на глобално ниво.

Некои членки на Г-7 ја нарекоа Кина најголема закана за глобалната безбедност и просперитет. Дали сте сериозни ?“, напиша таа на социјалните мрежи.

Ако Кина е закана, тогаш што се некои од членките на Г-7 кои почнуваат војни со суверени држави, соборуваат легитимни странски Влади, се повлекуваат од мултилатералните договори и ги принудуваат другите земји да ги прекинат синџирите на снабдување“, праша кинеската претставничка.

Таа истакна дека во сегашната фаза, Кина е „мотор број 1 на светската економија“, дека придонесува за светскиот раст повеќе од сите членки на Г-7 заедно, дека одржува трговски и економски односи со повеќе од 140 земји во светот, и дека е втор најголем придонесувач во финансирањето на мировните операции на ОН.

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи Сун Веидонг вчера го повика јапонскиот амбасадор во Пекинг, Хидео Таруми, на средба за да му предаде протестна нота поради прашањата поврзани со Кина, дискутирани на самитот на Г-7 во Хирошима за време на викендот.

Лидерите на Г-7 на тридневниот самит изразија сериозна загриженост поради, како што рекоа, зголемените тензии во Источното и Јужното Кинеско Море, како и за состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи ги Тибет и Синџијанг.