Данците повторно први во светот, за спас на планетата – складираат CO2 под морето

Данска планира да складира големи количини на јаглерод диоксид (CO2), кој ја загрева климата на Земјата, под морето.

Принцот Фредерик од Данска даде симболична наредба да почне да се пумпа јаглерод во исцрпеното нафтено поле Нини Вест во Северното Море.

Меѓународниот конзорциум, во кој се вклучени хемискиот гигант INEOS и производителот на гас и нафта Винтершал деа, објави дека проектот „Гринсенд“ во данскиот дел на Северното Море ќе биде првиот проект за прекугранично складирање на јаглерод во светот.

Првично, гасот во течна форма ќе пристигнува од фабриката на INEOS во Белгија, а подоцна ќе се складира и јаглерод диоксид од Данска и други европски земји, пренесува Бета.

По пробната фаза, 1,5 милиони метрички тони гас ќе се впумпуваат во шуплината 1,8 километри под морското дно секоја година, а планот е таа количина да се зголеми на осум милиони тони годишно до 2030 година.

Во неодамнешниот извештај на Обединетите нации се наведува дека складирањето на јаглеродот, еден од загадувачките „стакленички гасови“, мора да биде дел од низа решенија за намалување на загадувањето и ограничување на глобалното затоплување.