Девет жртви во пукањето во основното училиште во Белград

Осум деца и еден чувар се убиени во вооружениот напад што утринава го изведе седмооделенец во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Србија.

Во соопштението на МВР на социјалната мрежа Фејсбук, се наведува дека се ранети шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар и Универзитетската детска клиника во Тиршова.

Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија“, соопшти МВР на Србија, пренесе ТРТ Балкан.