ДЕВОЈКА ЖИВА ЈА ЗАКОПАЛЕ: Работниците забележале крвави траги, од гробот се слушнал плач од гробницата, а потоа следел шок (ВИДЕО)

Бразилската полиција спаси жена (36) која била жива заѕидана во гробница на гробиштата во Висконд до Рио Бранко.

Гробари забележале дека гробот е свежо запечатен со цигли и цемент, а вниманието им го привлекле дамките од крв на земјата, поради што веднаш повикале полиција.

Кога полицајците пристигнале на гробиштата, го слушнале плачот и лелекот на жената. Набрзо била ослободена и однесена во болница. Полицијата соопшти дека, иако просторот е делумно затворен и со засилено обезбедување, чести се упадите во кои најчесто учествуваат наркозависници.

Жената рекла дека двајца маскирани ја однеле на гробиштата каде ја нападнале, а потоа ја турнале во гробот. Воената полиција навела дека жртвата е наркозависничка и дека требало да им ги спаси наркотиците на мажите, но дека ги „скрила некаде“ за што решиле да и се одмаздат.

Цивилната полиција соопшти дека триото се скарале поради оружје. Не е познато колку долго жената била во гробницата.