Девојче трагично загинало откако доживеало струен удар: Бабата влегла во собата и затекнала страшна сцена

12-годишно девојче трагично загинало откако доживеало струен удар од продолжен кабел во кој бил приклучен мобилен телефон додека се полнел.

Ратанавади Пунтави беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Тајланд на 13 февруари, откако го грабнала полначот за телефон кој сè уште бил приклучен на продолжен кабел.

Нејзината баба слушнала тресок, а кога отишла да провери што се случило видела ужасна глетка – нејзината внука лежела на подот и се грчела откако го допрела голиот дел од кабелот за струја што и’ го поврзувал телефонот.

Девојчето починало пред да пристигне брзата помош.

Минатата недела, еден маж во Бангкок почина во својот кревет откако беше погоден од струен удар додека го полнеше телефонот. Тој го приклучил продолжениот кабел директно во штекерот без да користи соодветен адаптер, пишува Daily Mail.