Дедо сексуално експлоатирал малолетно девојче а сестра ѝ му помагала: Носел и пријатели кои девојчето морало да ги задоволи

Осомничениот платил за сексуални односи со малолетничката, а потоа почнал да ги носи и другарите кои девојката морала да ги задоволи, за што и’ платил на нејзината постара сестра.

Полицијата во Улцињ се посомневала дека Х.Ќ. (77) и А.П.(18) извршиле кривично дело трговија со луѓе. Тие го привеле Х.Ќ. кој е осомничен дека довел во заблуда 15-годишна малолетна девојка. Тој ја злоупотребил довербата на девојчето и нејзините тешки семејни околности со цел да ја продаде и да ја искористи за натамошна сексуална експлоатација.

Се претпоставува дека во ова му помогнала осомничената А.П. (18), – сестра на повреденото девојче.

Осомничениот за сексуални односи со малолетничката и’ платил на нејзината сестра а потоа почнал да ги носи своите другари кои девојката морала сексуално да ги задоволува.

За настанот бил известен обвинителот во Вишото државно обвинителство во Подгорица, по чија наредба е поднесена кривична пријава против Х.Ќ. и А.П.

Х.Ќ. е приведен и со кривична пријава е изведен до в.д. обвинител за понатамошна надлежност, се посочува во полициското соопштение.