Денвер прв пат поразен со троен ефект на Јокиќ

Кошаркарите на Денвер го претрпеа првиот пораз сезонава во НБА лигата во натпревар на кој Никола Јокиќ оствари трипл-дабл ефект, откако загубија синоќа на гостувањето од Сан Антонио со 128:120.

Српскиот центар во редовите на Денвер го заврши натпреварот со 37 поени, 11 скокови и исто толку асистенции, но тоа не му помогна на неговиот тим да ја продолжи серијата од 25 победи со троен ефект на Јокиќ.

За српскиот кошаркар ова беше 33 натпревар на кој оствари десет или повеќе асистенции со што го урна рекордот на легендарниот Вилт Чемберлен, кој во сезоната 1967/68 имаше таков ефект на 32 натпревари.