Децата во Кахраманмараш ги добија играчките од навивачите на Бешикташ

Камион со играчки собрани како дел од кампањата на Бешикташ „Оваа играчка е за тебе пријателе“ пристигна во Кахраманмараш, епицентарот на двата разорни земјотреси од 6 февруари.

Играчките, кои навивачите на Бешикташ ги собраа на својот стадион, беа доставени на југот на Туркије и поделени на децата погодени од разорните земјотреси минатиот месец.

Камион со играчки собрани како дел од кампањата на Бешикташ „Оваа играчка е за тебе пријателе“ пристигна во Кахраманмараш, епицентарот на двата разорни земјотреси од 6 февруари.

Играчките им беа поделени на децата сместени во шаторски камп што го постави Фудбалската академија на Бешикташ во спортски комплекс во областа Оникишубат.

Елгиз Нур Чеби Јавуз, ќерката на претседателот на Бешикташ, Ахмет Нур Чеби, и неколку функционери на клубот и нивните сопруги делеа играчки и дресови испратени до жртвите од земјотресот пред шаторот што служи како градинка.

Децата ги воодушеви и маскотата на популарниот турски цртан лик „Крал Шакир“.

Гизем Фидан, сопругата на менаџерот на Бешикташ, Фират Фидан, им подели играчки на најмалите, а особено трогателен момент беше нејзината средба со малото девојче кое седеше во шаторот, бидејќи поради повредите здобиени во земјотресот не можеше да ја дојде сама по нејзината играчка.

Навивачите Бешикташ на 26 февруари во текот на неделниот натпревар против Анталијаспор на стадионот „Водафон парк“ фрлија на теренот илјадници играчки во знак на солидарност со децата погодени од разорните земјотреси во Туркије.

Натпреварот беше прекинат на 4 минути и 17 секунди по стартот во спомен на земјотресот кој се случи во 4.17 часот по локално време.

TRT Balkan