Дилета изјавила дека мажот не мора да има пари, луѓето ја нападнаа: Реченица на секоја спонзоруша

Спортската новинарка Дилета Леота неодамна ја сподели веста дека таа и нејзиниот партнер, голманот Лорис Кариус го очекуваат своето прво дете. Меѓутоа, сега убавата новинарка и водителка се најде на удар на јавноста поради една реченица.

„Можете да се заљубите во некој кој нема огромна цифра на банкарската сметка“, рекла Дилета во разговор со колешката, а токму таа нејзина реченица предизвика лавина негативни коментари.

„Дали не ти е срам да кажеш такво нешто? Па, не излегуваш со момци што немаат пари“, „Типична реченица на спонзоруша“, „Понекогаш е подобро да молчиш отколку што било да кажеш“, беа реакциите.

Инаку, една од најубавите новинарки на светот пред Кариус беше во врска со богатиот турски актер Кан Иман и најпознатиот италијански боксер Даниеле Скардино.

Дилета своевремено ја поврзуваа и со директорот на Sky Sport, Матео Мами, а многумина сметаат дека токму тој е причината за нејзината успешна телевизиска кариера.