Директорката на клиниката ,,Д-р Лаза Лазаревиќ” за состојбата и местото на детето-монструм: Еве каде се наоѓа сега

Директорката на клиниката за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“, д-р Ивана Сташевиќ Карличиќ утрово истакна дека иако официјално прогласените денови на жалост поминаа, Србија ќе продолжи да тагува уште долго.

-По ова никој од нас нема да биде ист, не можеме да кажеме дека работите ќе бидат како порано. И се надевам дека можеме да научиме многу од оваа страшна опомена која е надвор од секое човечко искуство. Најголеми жртви се родителите и децата од ова училиште, како и жителите на Младеновац – изјави таа за ТВ Пинк.

Како што вели, претстои тежок период кога станува збор за имитирање масовни убијци.

-Тоа е точно, на тоа предупредувавме уште првиот ден. Сè уште не поминал временскиот период кој е многу критичен. Овие настани се вишок и не се очекувани или предвидливи. Наше е да ги отстраниме факторите на ризик, како што е оружјето. Но, најважно е да бидеме солидарни – објасни Карличиќ.

Како ќе одиме напред зависи од зрелоста на општеството, изјави таа.

– Тимовите кои работат со жртвите имаат полни раце работа. Имаме зголемен број на повици во однос на просекот. Родителите влегоа со прашањето како да ги вратат своите деца на училиште – вели Карличиќ.

Момчето се наоѓа во една од институциите во Белград, а не е безбедно да се прецизира точната локација, бидејќи момчето и неговото семејство сега се жртви и мета на многу луѓе, напомена лекарот.

– Момчето сега е во здравствениот систем, добива само лекарска помош, има психолози, дефектолози… – објасни таа.