Дмитриј: „Наркоманот од Киев ќе заврши како Хитлер“ – Нова брутална закана Медведев до украинскиот претседател

Украинскиот лидер Володимир Зеленски може да заврши како Адолф Хитлер, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

– Суштеството во зелено им посакува смрт на сите во Кремљ, но не и сам да си ги извалка рацете. Не знаеме како некој ќе умре, бидејќи патиштата Господови се непознати. Но, наркозависникот од Киев има шанса да умре од своја рака. Тој можеше да се ,,извади”, да изврши кукавички самоубиство. Како Хитлер, кој проголта отров – напиша тој на својот канал Телеграм.

Според една верзија, Хитлер, водачот на нацистичка Германија во Втората светска војна, умрел пиејќи ампула со цијанид на 30 април 1945 година во неговиот фиребункер во Берлин, додека според друга верзија, тој извршил самоубиство пукајќи во себе. .