Додека Северина ужива на Малдиви, нејзините поранешни партнери вечераат заедно (ФОТО)

Хрватската пејачка Северина деновиве објавува видеа и фотографии од егзотичната дестинација Малдиви, каде го прослави 11-тиот роденден на синот Александар. Во меѓувреме, нејзините поранешни партнери, Игор Којиќ и Милан Поповиќ се сретнале на вечера во ресторан во Загреб.

Читател на „Индекс“ ги снимал Игор Којиќ и Милан Поповиќ во познат ресторан во Загреб. Завчера таму заедно вечерале и разговарале, а според читателот на „Индекс“, потоа им се придружила и една жена.

Да потсетиме, Којиќ и Поповиќ ги закопаа воените секири минатото лето и оттогаш интензивно се дружат.