ДОЖИВЕВ КЛИНИЧКА СМРТ И ЕВЕ ШТО ВИДОВ: Бев одвоен од телото и ова беше КЛУЧЕН МОМЕНТ да се вратам во живот (ФОТО)

Кевин Хил (55), кој е писател по професија, се лекуваше од ретката болест калцифилакса во болницата Дерби Ројал во Лондон.

Калцифилаксата е сериозна, многу ретка состојба која се карактеризира со клеточна смрт или некроза на масното ткиво и ткивото на кожата. Луѓето кои страдаат од оваа болест обично имаат бубрежна инсуфициенција или се на дијализа или неодамна имале трансплантација на бубрег.

Во една прилика, неговото срце престана да чука. Лекарите успеале да му го спасат животот, а потоа Кевин открил дека имал вонтелесно искуство и решил неговата приказна да ја објави во јавноста. Во таа прилика тој истакна дека „умирањето и враќањето во живот“ било мирно.

„Не гледав во своето тело, бев одвоен од телото. Како да се наоѓав во духовното царство, бев свесен што се случува, но имав толку многу мир“, рече тој и истакна дека тој не виде никаква светлина.

“Бев болен со месеци. Кожата ме јадеше. Нозете ми крвареа три дена – едноставно не престануваше”, додал тој, нагласувајќи дека изгубил пет литри крв и дека неговото срце престанало да чука.

Хил имаше операција во јануари 2022 година поради проблем со срцевите залистоци. Поради ова му се акумулирала вода во нозете, по терапијата и за една година во болница изгубил 65 килограми вода. По операцијата добил калцифилакса.

„Знаев дека крварам. Знаев дека е сериозно. Персоналот влегуваше и излегуваше обидувајќи се да го запре крварењето“, продолжи тој.

Кевин рекол дека во тој момент бил надвор од своето тело и гледал како лекарите се обидуваат да го реанимираат.

“Знаев дека умирам. Бев одвоен од моето тело. Потоа само заспав и жив се разбудив, а крварењето престана. Знаев дека не е време за умирање”, нагласи тој.

Кевин потоа се вратил дома со сопругата Камил и напомена дека неговите приоритети во животот му се промениле.

„Кога ја напуштив болницата, атмосферата во моето семејство драстично се промени. Станав поотпорен. Знаев дека можам да закрепнам“, рече тој.

„Јас сум во последната фаза на закрепнување. Сè уште имам мала болка во десната нога, но не е ни приближно толку лошо како што плачев со часови претходно“, рече Хил.