Долгогодишниот помошник на Зидан почна самостојна тренерска кариера

– Долгогодишниот помошник на Зинедин Зидан, од времето кога го предводеше Реал Мадрид, францускиот фудбалски стратег Давид Бетони (51), е назначен денеска за нов тренер на швајцарски Сион.

Бетони како помошник на Зидан во Реал освои три трофеи во Лигата на шампиони (2016, 2017, 2018) и две шпански титули (2017, 2020).

Неговиот однос со Зидан почна уште во првата половина на 90-те години од минатиот век како соиграчи во Кан, а ова ќе му биде прва улога главен тренер во кариерата.

Бетони ќе има задача да го спаси Сион од испаѓање во Втора швајцарска лига.