Донации од Австрија за Општина Ресен

 – Општина Ресен доби две австриски донации кои ќе ги користат Територијалната противпожарна единица и Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен.

Противпожарното возило е донација од Шпаркасе банка и Македонската амбасада во Австрија, за што поддршка добиле од амбасадорот Освит Росоклија како и од Општина Св. Стефан од Грац, додека пак камионот за собирање комунален отпад е донација од градот Виена обезбедена во соработка со Македонската амбасада во Австрија.

-Општина Ресен и во иднина ќе продолжи преку реализација на различни проекти, донации и активности да се залага за подобрување, унапредување и за развој на заедницата, изјави градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, и јавно се заблагодари на донаторите.