Дончиќ и Ирвинг не играа, Далас загуби од Мемфис

Далас маверикс ноќеска на гостински терен загуби од  Мемфис гризлис без двајцата лидери на тимот Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

Дончиќ продолжува да закрепнува од истегнување на левиот бутен мускул, додека Ирвинг беше отстранет од составот 90 минути пред почетокот на средбата поради болки во десното стапало.

Маверикс беа поразени со 108:112 и паднаа на 7. место во Западната конференција од НБА-лигата, со биланс 34 победи и исто толку порази.

Во следното коло, Далас повторно ќе се соочи со Мемфис, овој пат на домашен терен.