Дојави за бомби во 66 училишта и една градинка во Скопје и едно училиште во Прилеп

 Бројот на училишта до кои денеска до 11 часот се пристигнати дојави за бомби се зголеми на 66 во Скопје и едно училиште во Прилеп. Дојава е упатен и до една скопска детска градинка. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.

Утринава до 10 часот дојави за бомби преку електрински адреси имаше пристигнато до 32 училишта во Скопје и едно училиште во Прилеп.