До кога наставниците ќе бидат мета на физички напади!? Ја удрила со клоца по глава и ја онесвестила: Ученичка тешка 120 килограми брутално претепа наставничка, видеото е вознемирувачко!

Вознемирувачко видео кое се појави на социјалните мрежи прикажува тинејџерка од Флорида како брутално тепа професорка откако таа и’ ја конфискувала конзолата за видео игри Nintendo Switch за време на часот.

На видеото, разбеснетата 17-годишна девојка може да се види како трча кон учителката, која се врти и потоа го забележува напаѓачот за дел од секунда пред да биде турната на подот.

Ученичката тешка 120 килограми потоа постојано ја удира и гази онесвестената професорка во средното училиште Матанзас во Палм Коуст. Неколку други вработени кои биле сведоци на бруталниот напад истрчале да го одвлечат насилникот, додека професорката била итно пренесена во локалната болница.

Посебно видео објавено од канцеларијата на шерифот на округот Флаглер покажува дека напаѓачот е врзан со лисици во училницата во средното училиште Матанзас.

„Ученичката изјавила дека бил вознемирена бидејќи и’ го одзеле Nintendo Switch за време на часовите“, се вели во соопштението на полицијата.

Според извештајот за апсење, полицијата ја пронашла професорката раскрвавена и онесвестена. Разбеснетата ученичка им рекла на полицајците дека ќе ја убие кога ќе се врати на училиште. Тинејџерката била предадена на Одделот за малолетничка правда и била обвинета за напад.