До олтарот ги одведе едни од најубавите жени на светот, а по три разводи, вербата во бракот му ја врати 31 година помлада девојка! (ФОТО)

Марк Ентони се ожени по четврти пат, а неговата нова сопруга е 31 година помлада манекенка и поранешна мисица Надија Фереира.

Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони (54) се ожени со манекенка и поранешна мисица  Надија Фереира .

Двојката ги разменила брачните завети во Музејот на уметност Перез во Мајами, а на венчавката присуствувале многу ѕвезди како Дејвид Бекам, Салма Хајек и Малума.

Невестата блесна во раскошна венчаница со проѕирен горен дел, додека допрва треба да се појават фотографии од младоженецот.

Во 2021 година, Надја беше прогласена за Мис на Парагвај , а на изборот за Мис на светот го зазеде местото на 1-вa придружничка.

Не е познато кога започнала нејзината врска со Марк и тие првпат беа видени заедно во јавноста во 2021 година, а се верија во мај минатата година.

Ова е четврти брак на Ентони . Неговата прва сопруга беше поранешната Мис Универзум Дајанара Торес, со која се ожени во 2000 година, и парот имаше два сина, Кристијан и Рајан. Тие се разведоа во 2004 година, а во истата година Ентони ја однесе Џенифер Лопез пред олтарот. Со пејачката имаше уште две деца, близнаците Макс и Ема. Се разведоа по десет години брак, а по разводот останаа во добри односи. Неговата трета сопруга беше манекенката Шенон Де Лима, со која беше во брак од 2014 до 2016 година.