Драмата во Србија околу момчето-монструм продолжува – против мајката на Коста К. започна голема истрага, и се заканува повеќегодишна затворска казна !?

Откако беше покрената истрага против М.К., мајката на момчето кое уби девет ученици и еден чувар во белградското основно училиште, српскиот весник Blic.rs дозна дека таа се соочува со 3-годишна затворска казна доколку се докаже дека го запоставила и малтретирала момчето.

Обвинителството испратило барање до белградската полиција за прибирање на потребните информации, при што и било наредено да ја сослушаат осомничената М.К., а исто така и да извршат разговор со педагогот и психологот вработени во основното училиште „Владимир Рибникар“, како и да ги преземат сите други мерки и дејствија потребни за целосно утврдување на фактичката состојба.

Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали претходно наведеното семејство било во евиденцијата на таа институција.

Доколку се докаже дека мајката ги занемарила своите родителски обврски, се соочува со затворска казна од три години.

Адвокатот Радомир Мунижаба за Blic.rs објаснил каква казна би можела да добие мајката и од што зависи тоа.

Доколку се докаже дека мајката сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице за кое се товари, може да се казни со затвор до три години. Основната форма на акцијата е грубо занемарување на должноста згрижување и воспитување малолетно лице, а тоа пред се се однесува на овозможување услови за развој на малолетникот како личност“, објаснил адвокатот и додал дека мајката нема да биде задржана во притвор, но ќе биде кривично одговорна доколку успеала да спречи девијантно однесување кое му овозможило на детето да се образува и да ги прифати моралните стандарди и општествените норми од семејството.

Каква казна ја очекува мајката на момчето убиец ќе се знае откако до Обвинителството ќе бидат доставени пријавите на Полициското одделение за град Белград и Градскиот центар за социјална работа.

Да потсетиме, уапсен е и таткото на момчето, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, а максималната казна што може да ја добие е 12 години затвор.