Драма во болница: Пациенти скокаа од прозори поради избувнатиот пожар – Пекинг завиен во црно, Си Џинпинг издаде итна наредба!

Дваесетина луѓе загинале во пожар во кинеска болница каде пациенти скокнале од прозорец.

Најмалку 21 лице загина, а персоналот евакуираше 71 пациент откако денес избувна пожар во стационарното одделение во болницата Чангфенг во Пекинг, објавија кинеските државни медиуми.

Едно шокантно видео на Твитер покажува како жена се спушта со импровизираното јаже пред да се спушти на покривот долу и да побегне. Други очајни луѓе се засолниле во клима уредите под прозорците за да се спасат од чадот.

Снимката од пожарот што кружи на социјалните мрежи покажува црн чад како излегува од зградата. Чајна Дејли објави дека пожарот избувнал од влезот на болницата денес попладне.

-Трагично е. Огнот го гледав од прозорецот на мојата куќа. Многу луѓе се криеја под климите а некои дури и скокаа. Се гледаше како некои луѓе се спуштаат од прозорците користејќи импровизирани јажиња направени од чаршафи. Dimsum Daily News известува дека пожарот бил изгаснат час и половина по неговото избувнување, околу 13:33 часот по локално време .

И државните медиуми потврдија дека пожарот е изгаснат. Причината за пожарот е под истрага, се вели во извештаите.

Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди максимални напори за помош на повредените. Шокантните фотографии и видеа на интернет покажуваат огромен број противпожарни возила околу зградата.