ДРАМА ВО ШКОТСКА: Џиновски брод стои под агол од 45 степени, НЕКОЛКУ ЛУЃЕ се повредени (ФОТО)

Голем број противпожарни возила се на местото на настанот, како и воздушна и копнена поддршка од Брзата помош на Шкотска, соопшти крајбрежната стража.

Портпаролот на шкотската служба за брза помош денеска изјави дека најмалку 25 лица се повредени откако утрово голем брод во шкотското пристаниште Лит, во близина на Единбург, делумно се превртел под агол од 45 степени.

Неколку противпожарни возила се на терен, како и воздушна и копнена поддршка од шкотската брза помош, објави крајбрежната стража .

Сликата објавена на Твитер покажува како големиот брод е наведнат под агол од 45 степени кон пристаништата, објави Хералд.

Полицијата во Единбург соопшти дека службите за итна помош и полицајците биле на местото на несреќата, каде што брод бил фрлен од неговиот простор во бродоградилиштето.

Полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа.

Членот на градскиот совет на Единбург, Адам Мекви, на социјалните мрежи напиша дека силниот ветер бил причина за оваа несреќа.