Драма на аеродром: Во куфер сокрил 23 килограми кокаин (ВИДЕО)

Британец е уапсен додека се обидувал да се качи на летот за главниот град на Колумбија, Богота, пред да продолжи кон Лондон.

Локалните власти соопштија дека тој бил запрен и претресен откако неговото однесување станало сомнително за полицијата и кучето трагач по име Максимо.

Објавено е и видео на кое се гледа неименуван Британец во бела маица со ранец на грбот. Пред него бил отворен багажник во кој била пронајдена дрога.

“Во неговиот багаж најдовме 16 пакети со 23 килограми кокаин. Откако се појави пред судијата, тој беше задржан во затвор”, изјави Евер Гомез, командант на полициската управа Вале дел Каука, пренесува Daily Mail.

Локалните извештаи велат дека властите сега се обидуваат да утврдат дали мажот има некакви врски со колумбиските нарко банди.