Драма на небото над Хрватска: Авионот наеднаш го смени правецот, пилотот испрати сигнал за вонредна ситуација

Авионот на WizzAir на летот со број W67778, кој летал од Дортмунд во Германија за Охрид во Македонија, наеднаш го променил правецот над Хрватска, јави службата за следење летови Flightradar.

Пилотот ја испратил шифрата 7700 на контролата на летот, што укажува на итен случај, но сè уште не е познато што точно се случило.

Како што може да се види од патеката на летот, авионот го прелета хрватскиот воздушен простор, ја премина границата со Босна и Херцеговина, потоа нагло свртил па повторно се вратил на хрватското небо и преку Кварнер слета на аеродромот кај Венеција.

Од WizzAir засега нема објаснување, а на Твитер има најави дека авионот слетал успешно.