Државната дума на Русија усвои закон за суспензија на учеството на Москва во договорот „Нов СТАРТ“

Државната дума денеска едногласно го усвои Законот за суспензија на учеството на Русија во договорот „Нов СТАРТ“ со САД за ограничување на нуклеарното оружје предложен од рускиот претседател Владимир Путин.

Законот стапува на сила на денот на објавувањето, а претседателот на Русија ќе одлучи за продолжување на учеството на Русија во договорот.

Путин вчера изјави дека Русија го суспендира своето учество во договорот „Нов СТАРТ“, потпишан во 2010 година, и се закани дека ќе изврши нови нуклеарни тестови доколку тоа прво го направат САД.

Објаснувајќи ја својата одлука, Путин ги обвини САД и нивните сојузници во НАТО дека отворено го претставуваат поразот на Русија во Украина како цел. „Тие сакаат да ни нанесат ‘стратешки пораз’ и во исто време да се обидат да ги добијат нашите нуклеарни инсталации“, рече тој.

Шефот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума, Леонид Слуцки, рече дека одлуката за суспендирање на учеството во СТАРТ е „добро осмислена, адекватна и единствена можна“, кога Русија повторно се соочува со американско прекршување на договор.