Дуда: Бајден месецов во посета на земјите од централна Европа

Американскиот претседател Џо Бајден овој месец ќе посети држави од Централна Европа, соопшти денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, наведувајќи дека не знае за кои земји станува збор.

– Тој најверојатно ќе го посети овој дел од Европа во февруари. Овој дел од Европа значи Централна Европа…Просторот што се протега од Романија до Естонија. Многу е тешко да се прецизираат кои земји ќе ги посети американскиот претседател, немаме конкретни информации“, изјави Дуда.