Дуда: Одлуката за испраќање авиони во Украина е сериозна и тешка за Варшава

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска за Би-Би-Си изјави дека одлуката за испраќање авиони во Украина, пред се Ф-16, е многу сериозна и тешка за Варшава.

Коментарите на полскиот претседател уследија по минатонеделната турнеја на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Европа и лобирањето за дополнителна воена поддршка, вклучувајќи артилерија со долг дострел, муниција, противвоздушна одбрана, ракети и борбени авиони.

Полска е еден од најблиските сојузници на Украина и е свесна за сопствените резерви на оружје.

Истакнувајќи дека Полска има помалку од 50 авиони, Дуда оцени дека е сериозен проблем доколку се донираат дури и мал број од нив.

Полска е членка на НАТО и одлуката за испраќање борбени авиони бара одлука на сојузниците, што значи дека е потребна заедничка одлука, а не на една земја, истакна Дуда.

Потсетувајќи се на изјавата од 2022 година, на почетокот на руската инвазија, Дуда оцени дека испраќањето авиони „би значело воено мешање во украинскиот конфликт“.