Еве кога болјерот е опасен: Ако го направите ова го ризикувате животот а може да се случи и најлошото

Повеќето од нас никогаш не размислувале дали капењето со вклучен бојлер е безбедно, додека некој не се повреди. За жал при капење со вклуен бојлер е можен струен удар, и иако не е честа, сепак е можна појава. Сепак, редовното сервисирање на бојлерот осигурува да не дојде до електричен удар.
Заземјувањето е задолжително во секој стан или куќа, а особено на бањате и кујната. Тоа не штити од можен струен удар. Вистинското прашање е каква е состојбата на заземјувањето во новите, старите и неодамна реновираните бањи. Забот на времето влијае и на заземјувањето во старите бањи, па затоа е пожелно да се проверат таквите бањи.
При реновирање на бањата, заземјувањето може да биде пресечено, што е апсолутно неприфатливо. Ако забележите чувство на печење при допирање на водата или славината, треба да побарате електричар да ја прегледа инсталацијата.

Состојбата на бојлерот е исклучително важна. Неисправен бојлер може да предизвика многу проблеми, а еден од нив е и струен удар. Избивањето на дотраен или неисправен грејач може да доведе до електричен удар.
Пожелно е да се сервисира бојлерот еднаш на секои 6 до 12 месеци. Сервисот на бојлерот е исклучително важен за вашата безбедност и за безбедноста на другите членови на семејството.
Ако се прашувате дали треба да го исклучите бојлерот кога се капете, иако бојлерот е сервисиран, одговорот е да. Секогаш исклучувајте го бојлерот пред капење и не ја загревајте водата додека се капете, бидејќи така се ставате во опасност.
Струен удар во бањата
Главана причина за струен удар во бањата најчесто е бојлерот и во тој по правило кобен за оние пто во тој момент се во кадата или во туш кабината. Можен е и струен удар од фен за коса, особено ако е приклучен во близина на вода. Треба да бидете многу внимателни и навреме да размислите за сите последици.
Лошата состојба на кабелот за фен може да доведе до струен удар. На пример, ако кабелот за фен е оштетен и го користите во бања полна со пареа. Влагата на кабелот за фенот за коса создава капки вода што може да доведат до струен удар. Истото важи и за пеглата за коса. Значи, електричен удар од бојлери, фен и пегли за коса е можен и често се случува. Поради оваа причина, најважно е да се биде внимателен!
Кога бојлерот опасен?
Опасен бојлер е оној кој не се сервисира повеќе од година и половина и активно се користи секој ден. Количеството на бигор во него е големо и во голема мера влијае на работата на самиот грејач на бојлерот. Ако уште и заземјување е лошо, капењето со вклучен бојлер е многу ризично.
Покрај наведеното, опасни ситуации се и појавата на вода околу бојлерот, бидејќи е можно водата да потекнува од самиот бојлер. Чудните звуци во бојлерот се исто така важен знак дека е време да го исклучите и да повикате водоинсталатер. Никогаш не се двоумете во вакви ситуации, без разлика колку брзате. Со навремено повикување водоинсталатер, се грижите да не се случи несреќа, па дури и да го спасите вашиот живот.