Еве кој е најуспешен изведувач на Евровизија: Неговите песни три пати беа најдобри на овој престижен натпревар! (видео)

Ирскиот пејач Џони Логан (69), чие вистинско име е Шон Патрик Мајкл Шерард, е единствениот кој може да се пофали со три победи на Евровизија.

На овој престижен натпревар првпат се појави во 1980 година и победи со песната „What’s Another Year?“. Следниот пат кога настапи беше по седум години, кога неговиот хит повторно доби најмногу гласови – тоа беше песната „Hold me now“, која брзо стана светски хит, а сè уште се наоѓа на многу романтични плејлисти од таа ера.

Во едно од интервјуата што ги даде за ирската национална телевизија, Логан откри дека во тој момент бил под голем стрес и дека плачел по победата:

– Сфатив дека победата е нешто што го посакувам, но не беше сè што можеше да биде. Победата ја исполни дупката што ја чувствувам внатре, но ако целото твое битие живее музика, таа никогаш не може да се исполни, само привремено додека не побара повторно да се исполни со музика.

По трет пат победи на Евровизија во 1992 година – ја напиша музиката и текстот за песната „Why me?“, која ја отпеа музичарката Линда Мартин. Логан и денес настапува и има успешна музичка кариера.