Еве што користи Новак Ѓоковиќ за да го зајакне ИМУНИТЕТОТ: Едноставен здравствен водич на Ноле што може да му користи на секого

Многу луѓе овие денови ги поминуваат размислувајќи како да водат здрав живот, а Новак Ѓоковиќ има богато искуство на оваа тема.

Светскиот број еден, Новак Ѓоковиќ има искуство со здрава исхрана и начин на живот, а сега одлучи дел од тоа знаење да сподели со светот.

Преку едноставни, „здравствени чекори“ откри насоки кои можат да послужат за зајакнување на телото.

1 ) “Зголемете го внесот на витамин Ц и цинк. Се препорачува помеѓу 5 до 7 грама витамин Ц дневно, а може да биде и до 10. Ако можете да најдете течен цинк, подобро е отколку во друга форма ако не можете да најдете течен цинк, исто така, во апчиња е добро да се зема 3 до 4 пати поголема доза од вообичаената препорачана доза.

2 ) Пијте топла вода со лимон и малку морска сол секое утро на празен стомак (по желба додадете ѓумбир и листови свежо нане). Пијте топла вода со лимон уште неколку пати во текот на денот. Се препорачува на празен стомак.

3 ) Пијте што повеќе зелени сокови и шејкови со зелен лиснат зеленчук (магдонос, спанаќ, кељ…). Зелениот лиснат зеленчук создава алкална основа во телото која ги уништува патогените и вирусите кои преживуваат во кисела средина.

4 ) Киселата средина е предизвикана од нездрава брза храна, стрес, грижа, лутина, пијалоци со многу рафиниран шеќер, млечни производи итн.

5 ) Се препорачува да се консумира мал дел од чешне лук во лажичка мед со цимет. Исто така, масло од диво оригано, ѓумбир, кајен пипер (вид лута пиперка).

6 ) Водата од колоидно сребро е исклучително ефикасна за имунитетот и борбата против отровите кои ги имаме во организмот.

7 ) Различни видови чаеви и свежи билки се секогаш добредојдени. Особено чајот Ртањски и чајот од хибискус.

8 ) Поминете малку време на свеж воздух во природна средина (паркови, шуми, езера, реки, море, плажи, планини, ридови…) која не лекува и не исполнува со оргон, витална енергија која е клучна за живеење во изобилство на здравје и благосостојба душа, ум и тело.

9 ) Правете вежби за свесно дишење бидејќи на тој начин воспоставувате емоционална и ментална хармонија и мир што ви овозможува полесно да се справите со грижите, стравовите и неизвесностите. Исто така, ги балансира вашите метаболички процеси кои се неопходни за оптимално здравје.

10 ) Смејте се што повеќе, уживајте во музиката што ве исполнува и ве прави среќни. Да бидам опкружен со драги луѓе со кои ќе го почувствуваме големото присуство на љубов, благосостојба и радост“, заклучува Новак Ѓоковиќ во изјавата за Телеграф.