Еве што се случува со вашето тело кога ќе престанете да јадете бел леб! Три работи се клучни, а најважното е дека нема да сте постојано гладни

Лебот на многумина им е омилена храна, без која не можат да замислат ниту еден оброк. Но, исто така, таа „бомба“ од јаглехидрати доаѓа во многу различни форми, од кои некои се штетни за нашето тело, додека други заслужуваат само пофални зборови.

Еве што ќе се случи со вашето тело доколку целосно го исклучите белиот леб од исхраната.

Лебот е полн со јаглехидрати, а нивното нагло исфрлање од исхраната се забележува на вашето тело речиси веднаш, во вид на слабеење. Сепак, не се работи за моментално слабеење, туку за губење на водата која се акумулира во организмот.

Телото складира јаглехидрати во форма на гликоген, млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати задржан во телото задржува и врзува три до четири пати повеќе од неговата тежина во вода.

Преработените јаглехидрати, како што е белиот леб, предизвикуваат ненадеен пораст и скок на шеќерот во крвта во вашето тело, кој потоа многу брзо опаѓа. Овие луди промени испраќаат нејасни сигнали до мозокот кои ја зголемуваат гладта и желбата за храна, предизвикувајќи нè дебелеење.

Лебот е полн со јаглехидрати, а наглото нивно исфрлање од навиките во исхраната се забележува на вашето тело речиси веднаш во вид на слабеење.

Сепак, тоа не значи дека треба целосно да го исфрлите лебот од исхраната, туку дека празните калории и белиот леб треба да ги замените со оние од цели зрна, кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот леб не содржи влакна, кои се многу неопходни за нормално функционирање на цревата и варењето. Таквата храна предизвикува запек и дигестивни проблеми.

Откако ќе го отстраните белиот леб од менито и ќе ги вклучите интегралните житарки во секојдневната исхрана, варењето почнува да работи нормално и станува полесно.

Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако е квалитетен, мозокот работи нормално, без пореметувања, но доколку храната за мозокот не е здрава, телото реагира негативно, предизвикувајќи чувство на слабост и замор.