Европската комисија ги демантираше гласините: “Фон дер Лајен не е во трка за прва дама на НАТО!“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не е во трка за следен генерален секретар на НАТО“, соопшти во саботата за медиумската агенција dpa портпаролот на ЕК.

Информациите објавени во британскиот весник The Sun се „неосновани шпекулации“, тврди портпаролот на Европската комисија.

The Sun, повикувајќи се на дипломатски извор, објави дека Фон дер Лајен има намера да се кандидира за функцијата генерален секретар на НАТО и да го наследи досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг.

The Sun напиша и дека Фон дер Лајен во тој случај би можела да се соочи со тешка борба, бидејќи Велика Британија ќе се спротивстави на нејзината кандидатура, со оглед на тоа што таа лошо ги водеше вооружените сили додека беше министерка за одбрана на Германија.

Мандатот на Столтенберг беше продолжен во март 2022 година до 30. септември 2023 година. Ова се случи непосредно по почетокот на руската инвазија на Украина.

Сегашниот генерален секретар на НАТО на оваа функција беше речиси девет години, а мандатот му беше продолжен трипати.

Јенс Столтенберг

Неодамна, во екот на конфликтот во Украина, се шпекулираше дека мандатот на овој 63-годишник може повторно да биде продолжен.

Во исто време, дипломатите коментираат дека ваквата одлука може да остави впечаток дека НАТО не успева да се договори за назначување на нов шеф на НАТО.