Европската комисија го забрани TikTok на официјалните телефони

Европската комисија ја забрани апликацијата TikTok од официјалните паметни телефони и уреди на оние кои работат во европската институција поради загриженост за заштита на податоците, изјави денеска за AFP портпарол на ЕК.

Забраната, исто така, значи дека персоналот на Европската комисија не може да ја користи апликацијата за споделување видео во кинеска сопственост на лични уреди, вклучително и телефони на кои се инсталирани официјални апликации, рече портпаролот, потврдувајќи ја објавата на веб-страницата Euractiv.

TikTok е подружница на ByteDance, кој е кинески. Апликацијата сè повеќе го загрижува Западот, кој се сомнева дека Пекинг преку неа собира кориснички податоци.

Слична забрана беше воведена од американските федерални власти минатата година.