Европската унија ќе ја санкционира Кина доколку ја премине „црвената линија“

ЕУ ќе воведе санкции кон Кина доколку ја вооружи Русија, изјави висок претставник на Европската унија.

Кина негираше дека ќе и испрати оружје на Русија, но загриженоста е зголемена меѓу западните сојузници на Украина, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тој го предупреди Пекинг да не и дава таква помош на Москва, велејќи дека „не предавајте никакво оружје на рускиот агресор“.

Кина е главниот трговски партнер на Германија, но се чини дека ставовите се менуваат во ЕУ, пренесува skynews .

Шолц и американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да разговараат за кинеската држава и украинската војна кога ќе се сретнат во Белата куќа.

Џон Кирби, портпаролот на Белата куќа за внатрешна безбедност, рече дека САД не виделе никакви индикации дека Кина донела одлука дали да испрати оружје во Русија.