ЕДВАЈ СПАСИЛ ЖИВА ГЛАВА – Фудбалерките го бркаа судијата по целиот терен и го (пре)тепаа (ВИДЕО)

На еден натпревар од женската фудбалска лига во Демократска Република Конго, забележани се неверојатни сцени.

Имено, инцидентот се случил на стадионот Кибаса Малиба во Лубумбаши за време на натпреварот од женското национално првенство помеѓу ДЦМП Бикира и Мазембе.

При резултат 5:1 во корист на Мазембе, судијата не досуди пенал за Бикира.

Оваа одлука предизвика голем револт кај играчите, но и кај клупата на Бикира, па судијата морал да бега колку што го држат нозете.

Првите неколку напади добро ги избегна со одење зад клупата, но потоа несреќниот судија се засолни во куќичката за делегати.

Тоа не беше неговиот најдобар потег….

На крајот една фудбалерка го шутна, а по сето тоа судијата некако успеа да побегне во соблекувалната.