ЕДИНСТВЕНАТА МИС НА СРБИЈА НА КОЈА И Е ОДЗЕМЕНА ТИТУЛАТА: Исчезна со круна од 5.000 евра, се омажи за канадски тенисер и живее во бајка (ФОТО)

Николина Бојиќ од Апатин имаше 25 години кога беше прогласена за Мис на Србија за 2012 година.

Србинката Николина Бојиќ од Апатин беше прогласена за Мис на Србија во 2012 година, кога имаше само 25 години. Сепак, набргу потоа и беше одземена круната, како и титулата мис, кога се покажа дека таа е всушност мажена.

Српската убавица се најде во центарот на скандал кога се појавија нејзините провокативни фотографии, а после тоа се посомневаа (што подоцна беше потврдено) дека е во брак со канадскиот тенисер Френк Данчевиќ.

Но, се покажа и дека убавата Николина премолчела уште една информација. Таа на натпреварот изјавила дека е фитнес инструкторка, а се испоставило дека во тој момент била готвачка во ресторан во Апатин . Последователно, таа навистина се запиша на Вишата школа за фитнес, но тоа не и помогна да ја врати титулата.

Откако стана тема на сите медиуми, убавата малечка заврши на Итна помош, бидејќи и се слоши. Таа се повлече во Минхен за да се опорави, а се шпекулираше дека со себе понела круна вредна 5.000 евра.

Во Минхен се потруди да се повлече од јавноста, па ги избриша и сите сметки на социјалните мрежи, а некаде во тој период стигна и официјалната потврда дека е во брак со Френк.

Во ноември 2012 година Николина и ја предаде круната на Александра Докниќ, а организаторите инсистираа поранешната мисица да плати отштета до 50.000 евра.

Набргу потоа страстите на сцената се смирија и Николина и Френк можеа слободно да се појават во јавноста. Тие во 2013 година направија свадба во Апатин, а денес, судејќи по нејзиниот Инстаграм профил, уживаат во својата љубов.

Денес Николина и Френк живеат во Монтреал, Канада. Се уште се занимава со фитнес и манекенство, роди четири деца. Многу девојки би ѝ позавиделе на фигурата и убавината.