Една од најубавите жени на светот проговори за изневерувањето на поранешниот сопруг: „Мажите се ѓубриња“ (ФОТО/ВИДЕО)

Емили Ратајковски беше гостинка во подкастот Going Mental каде зборуваше за нејзиниот развод со филмскиот продуцент Себастијан Бур-МекКлард. Манекенката нагласи дека не открива приватни детали заради благосостојбата на нивниот заеднички син, двегодишниот Силвестер.

,,Сè уште не бевме официјално разведени, па не беше ни законски да зборуваме за деталите. Веројатно ќе пишувам повеќе за тоа во иднина. Ме интересираше реакцијата на луѓето кои беа шокирани на фактот дека и некој толку убав може да биде изневерен. Сакам да им порачам на жените: Мажите се ѓубрења. Дури и да сте совршени ќе ве изневерат и повредат“, рече таа.

По раѓањето на бебето таа имала само 45 килограми.

Таа, исто така, призна дека работите во четирите ѕида биле многу полоши отколку што изгледале и дека била многу несреќна во бракот.

,,Долго немав храброст да заминам. По раѓањето на бебето имав 45 килограми и бев премногу слаба бидејќи не бев добро. Пробав сè. Бев сигурна дека нешто не е во ред со мене”, рече таа нагласувајќи дека секогаш треба да им веруваш на своите инстинкти.

Сепак, таа рече дека разводот имал позитивна страна бидејќи конечно е среќна и дека не очекувала дека олку убаво ќе и’ биде новото поглавје во нејзиниот живот.

,,Не знаев дека ќе биде толку убаво да се вратам на себе. Се шокирав кога видов колку е полесен животот сега”, рече манекенката.

Потсетуваме, манекенката која беше на 9-то место на листата на најубави жени во светот во 2022 година, минатата година се раздели од Себастијан Бер-МекКлард, со кој беше во брак четири години.

Емили се забавувала со комичарот Пит Дејвидсон, но ниту еден од нив не ги потврдил гласините.