Експертка тврди дека можете да го заспиете детето во 18 часот и да спие до следниот ден

Експертка за спиење кај бебиња и деца, споделува корисни совети за родителите на нејзината страница на Instagram @restgrowthrive.

Во едно од нив, открива дека родителите можат да ги легнат децата во 17:30 или 18 часот, а тоа не значи дека нема да спијат до следното утро.

„Многу родители сметаат дека тоа води до рано будење. Но, во повеќето случаи, тоа е тајно оружје за да го наспиете вашето дете со добар ноќен сон. Тоа обично значи дека тие ќе се разбудат во вообичаеното време“, вели Отам.

Сепак, таа нагласува дека ова е привремено решение за бебиња и деца кои не спијат доволно и дека родителите не треба постојано да го користат овој трик. Идеалното време за спиење е помеѓу 18 и 20 часа.

„Привремено одење во кревет порано помага да се избегне циркус што носи прекумерен замор. Ако попладневната дремка беше кратка или воопшто не се случила, тогаш ова е метод што можете да го пробате“, рече таа.

Според Националната здравствена служба на Обединетото Кралство, на бебињата на возраст помеѓу 4 и 12 месеци им требаат од 12 до 16 часа сон на ден, вклучително и дремнувања. На деца на возраст од една до две години им требаат од 11 до 14 часа сон, од три до пет години од 10 до 13 часа, од шест до 12 години од 9 до 12 часа, додека тинејџерите ќе бидат задоволни со 10 часа сон на ден.