ЕК започнува активности за обнова на Украина

– Европската комисија ги започнува своите активности за обнова на Украина, а еврокомесарот за животна средина, Вирџиниус Синкевичиус, денеска и утре ќе биде во Киев за да разговара за тоа, како и за иницијативата Феникс.

„Иницијативата Феникс поттикнува работа на реконструкција на украинските градови. Како прв чекор, тие ќе ги поврзат украинските градови со градовите на ЕУ за да разменат искуства за климатска неутралност, енергетска ефикасност“, соопшти ЕК.

Синкевичиус рече дека војната во Украина предизвикала огромно човечко страдање и нанела непоправлива штета на природата и дека е клучно да се помогне во обновувањето на регионите на Украина, но земјата, водата и шумите кои се „темелот на просперитетот на земјата“.

Комесарот ќе се сретне со министри и градоначалници за да разговара подетално за конкретните потреби и поддршката што Комисијата може да ја обезбеди за да ги подготви украинските градови за фазата на реконструкција. Целта е Украина да ги усогласи своите напори за реконструкција со политиките на Европскиот зелен договор и новото законодавство за животната средина.

Иницијативата „Феникс“ е креативна и интердисциплинарна иницијатива на Европската комисија од 2020 година, што го поврзува европскиот зелен договор со просторот за живеење и иницијативите кои ги поврзуваат одржливоста, естетиката и инклузивноста. Иницијативата е отворена и за земјите од Западен Балкан.