ЕЛИТНИ ПРОСТИТУТКИ УАПСЕНИ ВО ЛОЗНИЦА: Ескорт дами уценувале богати клиенти, од полицаец барале 500.000 евра, следела акција

Разоткривањето на таканаречената елитна проституција, во која наводно се вмешани девојки од Лозница и соседниот Крупањ, со денови е „хит приказна“ во овој дел на Србија, пред се поради парите што ги земале од муштериите, но и поради имињата на оние кои „згрешиле“.па се најдоа на мета на уценувачи.

За се да биде уште помистериозно, пред неколку дена во Лозница имаше и голема акција на истражители, но, како што може да се слушне, таа не била организирана од локалната полиција, туку од специјалната служба за криминал за тоа подрачје од Белград.

Иако нема официјални информации од полициските кругови во Лозница и Шабац, каде што се наоѓа седиштето на Полициската управа, во јавноста се споменуваат имиња на неколку девојки, кои наводно се занимавале со елитна проституција на овие простори, но и во соседните градови на Република Српска. Некои од нив, своевремено, отишле во блискиот Шепак, кај Зворник. Таму ги чекале клиенти од Турција, кои платиле стотици евра за „услуги“.