Енис Барди пред почетокот на натпреварот со Малта: “За нас е многу важно да почнеме со победа!“

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Енис Барди, посакува со победа да се отвори новиот квалификациски циклус.

„Црвено-жолтите“ вечерва ја пречекуваат Малта во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2024.

Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што не очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме“, изјави Барди.

Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ во 20:45 часот.