Ердоган во Анкара се состана со султанот од Брунеи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоганго пречека султанот од Брунеи со официјална церемонија на пречек во претседателскиот комплекс во Анкара.

„Ердоган и Хаџи Хасанал Болкиах Муизадин Вадаулах ќе одржат тет-а-тет средба во главниот град Анкара, по што ќе следи заедничка прес-конференција“, соопшти турското претседателство.

Се додава дека лидерите ќе разменат мислења за односите меѓу Турција и Брунеи и заедничките чекори во насока на подобрување на соработката меѓу двете земји.

Двајцата лидери ќе разговараат и за регионални и глобални прашања.

На средбите се очекува да бидат потпишани неколку договори кои ќе придонесат за договорната основа на билатералните односи.

Турција воспостави дипломатски односи со Брунеи на 1 јануари 1984 година.