Ердоган ги прими акредитивите на македонскиот амбасадор во Анкара

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го прими акредитивното писмо на амбасадорот на Северна Македонија во Анкара, Јован Манасиjeвски, јави ТРТ Балкан.

Во рамките на приемот во претседателскиот комплекс во Анкара, новоименуваниот амбасадор на Северна Македонија му го предаде акредитивното писмо на Ердоган.

Амбасадорот Манасијевски претстави дел од вработените во амбасадата.

Манасијевски заедно со делегацијата потоа се фотографираше со турскиот претседател Ердоган.